facebook3Перо Шварц бр.2, Куманово; 031/411-893, 071/248-812


protetika


parodontologija


estetska medicina


konzervativa

За нас

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО СТОМАТОЛОШКАТА ОРДИНАЦИЈА ДЕБИ ДЕНТ 

 

Пријатниот амбиент на нашата ординација, љубезниот и стручен персонал ќе ви овозможат да се чувствувате опуштено, а безболната интервенција, користење на најквалитетен материјал и пред се задоволен пациент се наши приоритети. 

Slika Bibe

Стоматолошката ординација Деби Дент ви нуди повеќе типови на услуги во областа на стоматологијата на едно место: практични упатства за одржување на оралната хигиена, поправка и белење на заби, лечење на пародонтопатија, естетски протетски решенија со безметални коронки, фасети и мостови. Тоа на што многу се гордееме е современата протетика базирана на изработка на металокерамички коронки и посебно безметалните коронки кои  даваат инзвонреден естетски момент, изработка на тотални и на парцијални протези, потоа ласерско белење на заби со помош на препарати од различни концентрации.

Многу често се сретнуваме со озбилен страв према стоматологот кој е настанат со години наназад кога стоматологијата не била  толку развиена. Затоа ние во Деби Дент после првиот и безболен  преглед сакаме да разговараме со пациентот и одговориме на  секое прашање, детално прецизираме како би изгледало од  почеток до крај. Денеска е се можно и за секоја затекната состојба  пронаоѓаме решение, на вас е само да ни се препуштите. Веќе не  мора да ја сокривате вашата насмевка, време е да уживате во  неа.

 

 

Станете и Вие дел од нашето насмејано семејство.

Ве очекуваме!

  

Со Почит,

Д-р Биљана Трајковска Денковска